ЛЕОНАРДО ДИКАПРИО ФАТЕН КАКО ИЗЛЕГУВА ОД РЕСТОРАН СО ЏИЏИ ХАДИД! Дали е ова потврда за романса? (ФОТО)

22 ноември, 20220
199369_leo03-ap_f

Манекенката Џиџи Хадид (27) и актерот Леонардо ди Каприо (48) уживаа во убава вечера во ресторанот „Cipriani“ во друштво на пријатели.

Џиџи Хадид и Леонардо ди Каприо поминуваат извесно време заедно откако се појавија гласини за можна романса меѓу нив. Манекенката и актерот беа фотографирани како излегуваат од ресторанот „Cipriani“ во Њујорк, заедно со пријателката на Лео, Виви Нево. Сите изгледаа како да се штитат од папараците додека поминуваа покрај камерите.

За време на излегувањето Џиџи носеше црна кожна јакна, широки панталони и црни чизми. Косата ја носеше фатена а имаше и сина марама за да го сокрие лицето додека поминуваше покрај присутните. Лео носеше црн капут, црни панталони и црна бејзбол капа. Својот изглед го комплетираше и со бели патики и црна маска за лице додека ја држеше главата наведната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber