ЛОВОРОВИОТ ЛИСТ во борба против акни и мозолчиња: Како до сјајна кожа?

13 февруари, 20220
4880895867f2dd8a8927d60553a8a2c7ffeb518b

Мирисните ловорови листови обично се користат во готвењето, но треба да знаете дека нивната прекрасна арома доаѓа од моќното масло кое има и други квалитети.

Покрај тоа што е многу богат со антиоксиданси, ловорот има антисептично и антибактериско дејство, а се користи и против габи. Сè почесто се користи во разни козметички производи, бидејќи може да ја смири воспалената кожа, добро делува против првут, како и против опаѓање на косата. Се препорачува дури и за ситни гребаници на кожата, а фантастичен е и за неутрализирање на непријатните мириси. Може да биде моќен сојузник во борбата против акните и мозолчињата.

Во домашните третмани, ловорот се препорачува за парење на лицето и за инхалација, но температурата на чајот не треба да биде превисока доколку вашите акни се многу воспалени. Мерката за чај е околу десет ловорови листови на литар вода. Потопете ги листовите во млака вода, покријте го садот и варете на тивок оган најмалку десет минути.

По испарувањето, внимателно избришете го лицето со хартиена крпа, лесно тапкајќи. Изладете го чајот од ловор, натопете памукче со него и нежно премачкајте ја кожата. Слободно оставете го да се исуши, не плакнете го.

Ловоровото масло се користи и во ароматерапијата, а помага при замор и промена на расположението.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma