Мадона сподели шокантна снимка по конфликтот во Украина: „Путин ги прекрши сите договори“
![madona-1-830x0](https://popara.mk/wp-content/uploads/2022/02/madona-1-830x0-1.jpg)
Таа објави шокантно видео кое покажува како изгледа Украина по конфликтот
Иконата на светската поп сцена, Мадона се појави на социјалните мрежи и изрази поддршка за Украина, со важна порака за Владимир Путин, претседателот на Русија.
– Путин ги прекрши сите постоечки договори за човекови права. Тој нема право да се обидува да го избрише постоењето на Украина. Претседателе Зеленски, ве поддржуваме. Се молиме за вас и вашата земја. Да не се чувствуваме беспомошни кога сме соочени со политички дејствија од вакви размери, има работи што можеме да ги направиме – рече пејачката.
Видеото може да го погледнете ОВДЕ.
Таа потоа објави шокантно видео кое покажува како изгледа Украина по конфликтот.
– Дали ова видео ве боли исто колку што ме боли мене? Путин продолжува со своите ужасни и непотребни напади врз Украина. Невини луѓе се борат за живот и учат да пукаат од пиштоли за да се заштитат. Ве молам, да направиме што можеме за да им помогнеме – напиша таа.
Видеото може да го погледнете ОВДЕ.
Да се потсетиме, Лејди Гага и Мајкл Даглас и дадоа поддршка на Украина за време на церемонијата на доделување на наградите SAG.