Малите торби и оваа година се апсолутен хит: Моден детал кој ќе го обожавате

16 февруари, 20220
moda-torba-830x0

Општо е мислењето дека жените и големите чанти се нераскинлив тандем. Шминка, огледало, паричник, клучеви, марамчиња – сето ова и многу повеќе, во повеќето случаи, ја исполнува внатрешноста на женската чанта.

Сепак, пред две сезони главен моден тренд станаа малите чанти во кои дамите веднаш се заљубија. Иако изгледа дека речиси ништо не може да се стави во нив, тие се всушност многу практични, бидејќи нема да одите „натоварени“ со главно непотребни работи кога ќе излезете од дома.

Карактеристично за нив е што можат да се комбинираат со најразлични парчиња облека, а одлично ќе се вклопат и со свечени стајлинзи, но и со некои полежерни, како тренерки или некои слични парчиња.

1. Мала црна чанта

Многу дизајнери веруваат дека малата црна чанта наскоро ќе стане модна класика, како бела кошула и мал црн фустан. Црната чанта е секогаш добра инвестиција, бидејќи ќе можете да ја носите во сите прилики и сезони.

2. Две во едно

Вака дизајнираните чанти беа популарни во 90-тите години на минатиот век. Ги носеа и мажи и жени, а овој додаток повторно стана незаменлив моден детал кога станува збор за стајлингот за секој ден. Кога ќе ја ставите оваа чанта околу половината преку сакото, всушност добивате „појас“ кој ја обликува вашата фигура.

3. Торба која му пркоси на студеното време

Доколку сакате и сакате малку да ја „зачините“ вашата комбинација, тогаш жолтата чанта е идеалното решение. Таа е мал, но моќен детаљ кој ќе го комплетира целиот стајлинг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma