МАСЛО кое треба да се нанесе на косата пред термичко обликување: Одржувајте ја здрава и сјајна

21 април, 20220
e435de168e8a059d6b64dcedd6598887fa2e38c6

Честа дилема е како најдобро да се користат уредите за коса кои ослободуваат топлина, како што се преса, фигаро и фен, без да се оштетат?

Животната средина и променливото време дефинитивно може да го расипат изгледот на прамените, но ништо не и штети на косата толку многу како постојаното користење на топлина. Сепак, експертите за нега на коса истакнуваат дека маслото од арган може да биде токму она што ни треба за да го одржиме здравјето на нашата коса и покрај топлотното стилизирање.

Што е масло од арган?

Аргановото масло е по потекло од Мароко, а приказната за тоа како се прави е доста интересна. Маслото се извлекува од плодот на дрвото арган. Внатре во плодот има зрна во облик на бадем кои треба да се одвојат.

Како маслото од арган ја штити косата од топлина?

Доколку чувствувате остар мирис на коса кој „гори“ под пресата или пеглата за виткање, тоа е знак дека ги оштетувате фоликулите на косата. Тоа мора да го избегнеме, а тука доаѓа маслото од арган.

Кога ја загревате косата, интензивно високата температура предизвикува оштетување и изгореници на вашата коса, па еден трик е да ја заштитите косата со масло од арган. Аргановото масло има висока точка на горење, па ќе ја заштити вашата коса пишува „The List“.

Нанесувањето на маслото од арган може да помогне да се одржат влажни фоликулите на косата. Добро нахранетите фоликули не само што се пофлексибилни и поприлагодливи, туку и подобро реагираат на суровите фактори како што се топлината, времето и влијанијата од околината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma