Мини фустаните се повторно во мода: Дивата Џенифер Лопез никогаш не престана да ги носи
![dzenifer-lopez-1-830x0](https://popara.mk/wp-content/uploads/2022/05/dzenifer-lopez-1-830x0-1-e1651702258993.jpg)
Пејачката и актерка има омилено парче облека кое се наоѓа на врвот на листата на топ трендови оваа сезона. Микро кроевите се вратија, а огнената Џенифер Лопез никогаш не ги тргна од комбинациите на облека.
Нејзината сценска облека е претежно украсена со кристали и слични апликации. Меѓутоа, бидејќи модата денес не познава граници, вечерниот стил лесно се претвора во дневен и обратно, шармот е само во блескавите детали.
Џенифер знае и како да извади фустан кој е пократок од нејзината коса и да блесне на црвениот тепих.
Детали, светли текстури, бисерни тонови се само дел од нејзината колекција мини фустани. Популарната Џеј Ло знае дури и обична бела кошула да ја претстави како волшебен фустан, усогласувајќи ја со впечатливи детали.
А кога се во прашање комбинациите „не, никако“, односно правилото дека не треба да носите краток фустан и деколте, Џенифер Лопез и овде ги брише границите бидејќи и тоа на неа изгледа хармонично и комплетно.
Погледнете некои од нејзините највпечатливи комбинации: