Моден експерт советува: Избегнувајте ги овие ГРЕШКИ кога носите хеланки, прават да изгледате „евтино“

29 април, 20220
1729325210626a6c08e1a8a384805703_640

Хеланките се составен дел од женската гардероба, бидејќи се далеку поудобни од фармерките и за разлика од долниот дел на тренерката, полесно се вклопуваат во општоприфатениот опуштен стил. Сепак, многумина грешат при изборот на вистинскиот принт, боја или крој. Модниот експерт Клеми Филдсенд наведе неколку работи на кои треба да се внимава, за да се избегнат потенцијални модни катастрофи.

Тенки материјали

Првата и најчеста грешка при носење хеланки е изборот на погрешна ткаенина. Црните или темните хеланки ќе бидат проѕирни и ќе откриваат премногу, доколку ткаенината е евтина и тенка. Колку материјалот е потенок, толку ќе биде попровиден.

Избегнете го ова стака што ќе ставите рака во ногата на хеланките, ќе ја затегнете ткаенината и ќе процените дали можете да ја видите вашата кожа. Ако можете, тогаш не го купувајте тој пар хеланки, туку барајте некои од поквалитетен материјал.

Чудни принтови

Хеланките со шари можат да бидат одличен начин да изгледате модерно и удобно. Но, неправилно поставените цветни или долгнавести форми на хеланки со принт може да доведат до тоа да изгледаат многу лошо кога ќе ги облечете. И не само тоа, туку понекогаш ги истакнуваат вашите недостатоци.

Доколку сакате слим ефект, избегнувајте дезени по секоја цена и одлучете се за обични хеланки во потемни бои.

Хеланки со кожа боја

Крем и беж бои или нијанси кои одговараат на вашиот тон на кожа треба да се избегнуваат по секоја цена. Освен што овие нијанси не и ласкаат на фигурата затоа што вашите нозе изгледаат поголеми, тие создаваат илузија дека сте излегле од дома без панталони.

За да не добивате чудни погледи од минувачите цел ден, носете потемни нијанси како црна, темносина, маслинесто зелена или темно сива.

Погрешен избор на долна облека

Ќе треба да ја земете предвид и вашата долна облека кога носите хеланки. Под хеланки ќе се познаваат долната облека од тантела, гаќичките со дебели шевови или оние кои се премногу тесни – без разлика на нивната дебелина или боја.

Носете гаќички или танги без шевови или ласерски сечена долна облека, за да бидете сигурни дека никој нема да види што носите одоздола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma