Можат да ги направат и деца, а се ТОЛКУ ВКУСНИ: Рецепт за најубавите чизкејк бомбици од само 4 состојки

31 март, 20220
318845_shutterstock-1134336422_ff

Доколку сакате чизкејк десерт, ќе уживате и во овие вкусни топчиња.

Тоа е прекрасен брз десерт што можат да го направат и децата – толку лесно и брзо се подготвува!

Состојки:

100 грама мелени бисквити
200 грама крем сирење
25 грама шеќер во прав (додадете уште ако сакате да биде посладок)
бело чоколадо

Подготовка:

Изматете го крем сирењето (оставено малку да отстои на собна температура) со шеќерот додека не се добие мазна смеса.

Во оваа смеса измешајте ги мелените бисквити.

Ставете сè во фрижидер најмалку еден час.

Добро изладената смеса поделете ја на топчиња кои ќе ги обликувате со раце. Ставете ги во замрзнувач и оставете ги да отстојат половина час до еден час.

Се топи белото чоколадо во микробранова печка или на пареа. Прелијте ги топчињата.

Вратете го десертот во фрижидер за да се стегне чоколадото. Доколку не сакате да ги правите со бело чоколадо, слободно свиткајте ги топчињата во растопено темно чоколадо, кокос, слатки шарени трошки …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma