Момент од „Пријатели“ кој не бил според сценариото: Дејвид Швимер целосно го збунил Метју Пери
2 февруари, 20220
![serija-prijatelji-830x0](https://popara.mk/wp-content/uploads/2022/02/serija-prijatelji-830x0-1.jpg)
Ако ги обожавате „Пријатели“, сигурно ќе се сетите
Серијата „Пријатели“ важи за еден од најпопуларните ситкоми на сите времиња. Имаше толку многу незаборавни сцени, а една од нив не била според сценариото.
Имено, се сеќавате на ситуацијата кога Емили од Англија му се јави на телефон на Рос (Дејвид Швимер). Гелер беше толку воодушевен што тоа се случи.
Почна да зборува за тоа како Емили го повикала, а во еден момент ја ззема лампата и му ја даде на Чендлер (Метју Пери).
Токму таа сцена не била според сценариото, а со овој гест Дејвид Швимер тотално го збунил својот колега Метју Пери, што може да се види по неговата сосема автентична реакција.
ОВДЕ може да се потсетите на таа сцена.