Моќна зимска маска за коса од 2 состојки која сите ја имаат дома: Ефтина и делотворна

26 јануари, 20220
shutterstock534963766-830x0

Општо е познато дека кожата се суши во текот на зимата и дека и е потребна дополнителна нега, а иста е ситуацијата со косата каде хидратацијата е од витално значење во студените денови. Влакната треба да чуваат вода за да останат здрави, сјајни и бујни, а зимските услови го оневозможуваат тоа.

Оваа едноставна зимска маска за коса со само две состојки која речиси секој ја има во домот не само што ја хидрира косата, туку и го враќа сјајот и волуменот, го спречува опаѓањето на косата, како и појавата на првут.

Состојки:

1 коцка свеж квасец
1 супена лажица мед

Измешајте ги состојките во сад додека не добиете мазна маса која ќе ја оставите да отстои на собна температура еден час, за да се активира процесот на ферментација.

После тоа време нанесете ја смесата на прамените и по целата должина на косата и полека масирајте ја. Ставете пластична капа или фолија и завиткајте ја косата во крпа.

Оставете ја маската да делува еден час, а потоа измијте ја косата како и обично.

Вашата коса ќе се врати на здрав изглед и бујност. Маската можете да ја нанесувате два пати месечно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma