Направете природна СМЕСА за избелување на забите: Потребни ви се ДВЕ состојки кои сигурно ги имате дома

18 јуни, 20220
26625_pranje-zuba_f

Кокосовото масло во комбинација со сода бикарбона се покажа како одлично решение за природно избелување на забите

Можеби веќе сте слушнале за плакнење на устата со масло. Пред извесно време сите љубители на алтернативната медицина и народни рецепти буквално се „заколнаа“ во оваа техника. Се испостави, не залудно.

Значи, суштината на оваа постапка е да ја плакнете устата со масло неколку минути. Важно е да се спомене дека ова не е замена за редовното чистење на забите, туку додаток.

Во практикувањето на ваквите плакнења постои способност на маслото да привлекува и раствора слично, т.е. масло. Ова го објаснува ефектот на чистење. И уште еден плус: маслото е течно. Значи, може да навлезе во тешко достапни места: на пример, меѓу забите.

Кокосово масло за избелување

Кокосовото масло ќе ви помогне да ги избелите забите за помалку од 2 минути. За да направите сами производ за избелување на забите, потребни ви се само овие две состојки: кокосово масло и сода бикарбона.

Земете масло и сода во еднакви делови (по 5 лажички), добро измешајте и ставете во мала стаклена тегла. Сè што треба да направите е да ја замените вашата паста за заби што ја користите со ова природно и навистина ефикасно средство. Ефектот е забележлив по првата употреба.

Потсетуваме и дека кокосовото масло е одлично за некои типови кожа и коса, а поради широката примена се смета за задолжителна козметичка опрема во бањата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi