Направете тест со кој ќе ја измерите еластичноста на вашата кожа – Се работи за неколку СЕКУНДИ кои даваат неверојатни резултати!

30 март, 20220
548188_young-woman-g120234c97-1920_f

Како најголем човечки орган, кожата ја памети секоја штета којашто ќе ја „заработиме“ во текот на животот, без разлика дали е тоа на сонце, во солариум или поради лошата нега.

Како што старееме, нашата кожа ја губи еластичноста, станува се потенка и со повеќе брчки, а по 45-тата година сите овие промени се уште позабележителни.

Козметичката индустрија напредна толку многу, што започнаа да се нудат бројни креми, лосиони и разни препарати кои можат да го забават, па дури и да го запрат стареењето. За жал, не постои таа крема, којашто ќе го запре времето. Сепак, кожата понекогаш старее и побрзо отколку што ние би сакале.

Американскиот дерматолог, д-р Алексис Абрамсон, открива едноставен тест кој помага да проверите колку е вашата кожа „млада“ или „стара“.

– „Тестот за еластичност на кожата се прави со прсти. Со палецот и показалецот од едната рака, нежно повлечете ја кожата кон задниот дел од другата рака и држете го пет секунди. Потоа измерете колку време и е потребно на кожата да се врати во првобитната состојба. Колку е пократко времето, толку е помлада кожата“ – вели д-р Абрамсон.

Колку време е потребно за кожата да се врати во својата првобитна состојба?
Ако на вашата кожа и се потребни од една до две секунди, тоа значи дека кожата е помлада од 30 години. Кожата на која и требаат три до четири секунди за да се врати во првобитната состојба е стара помеѓу 30 и 44 години, а ако и се потребни пет до девет секунди, тоа значи дека кожата е помеѓу 45 и 50 години.

Ако на кожата и требаат од десет до петнаесет секунди за да се врати во првобитната состојба, нејзината старост е околу 60 години, а повеќе од петнаесет секунди „гарантираат“ изглед на седумдесетгодишник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma