Натали Портман откри како успеала да изгради мускулна маса за завидување за улогата на суперхерој

1 јули, 20220
natalie-portman-2-830x0

Холивудската актерка и оскаровка Натали Портман во најновата улога на Џејн Фостер во филмот „Thor: Love and Thunder“ доживеа физичка трансформација која имаше влијание и на нејзината психа и емоции, пренесува „Allure“.

Улогата на Натали како Џејн Фостер, суперхеројот на Марвел кој го користи чеканот на Богот на громот, дојде како сосема спротивно од она каде што сме навикнати да ја гледаме оваа актерка. За оваа улога Натали имала задача да изгради завидна мускулна маса, што е сосема спротивно од улогата за која доби Оскар. Тогаш таа во филмот „Црниот лебед“ портретираше балерина, а за потребите на снимањето мораше да биде најтенка верзија од себе.

– За потребите на снимањето на филмот „Црниот лебед“ ме замолија екстремно да ослабам. За Тор бараа да бидам најголемата досега. Тоа беше импресивен предизвик, но и посебна состојба на умот за мене како жена. Имав поинакво чувство за себе затоа што луѓето ме гледаа како голема. Кога сте кревки и слаби, често се чувствувате така. Така се претставував, од навика, претпоставувам – објаснила актерката.

https://xdn.tf.rs/2022/06/28/natalie-portman-3-830x0.jpg

За да биде најмускулестата верзија од себе, Натали вежбала секојдневно со тренер 10 месеци. Актерката се пошегува дека ни најдобриот тренер не може да ја направи повисока отколку што е и дека ова е главната шега на сетот на филмот.

Интересно, Натали Портман е веган од 9-годишна возраст. Таа вели дека престанала со овој начин на исхрана кога била бремена, но дека нејзините деца и таа сега се вегани.

https://xdn.tf.rs/2022/06/28/natalie-portman-1-830x0.jpg

Ова беше дополнителен предизвик за фитнес-тренерката Наоми Пендергаст која работеше со Портман за да изгради мускулна маса.

– Натали доби задача да ја зголеми мускулната маса на рацете и да ги обликува стомачните мускули, но за да стигнеме до таа цел моравме да работиме на нејзината кондиција. Тоа траеше околу четири месеци, потоа безбедно ги зголемивме оптоварувањата за да не дојде до повреди – откри Наоми.

– Вежбаше пет пати неделно, од кои три дена вежбаше за раце, грб и гради, боксуваше, трчаше и прескокнуваше, додека два дена вежбаше пилатес кој спречува повреди. Тренинзите порано траеја два часа, кога почна снимањето продолживме со вежби за одржување на мускулниот тонус – изјави Пендергаст и објасни дека Натали морала да го зголеми внесот на протеини кои се неопходни за мускулната маса.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma