НАЈДОБРАТА ДИЕТА ЗА ХОЛЕСТЕРОЛ ВООПШТО НЕ Е МЕДИТЕРАНСКАТА! Запишете ја оваа листа на намирници!

10 март, 20220
Screenshot_5

Најдобрата диета за холестерол и шеќер воопшто не е медитеранската, туку оваа – запишете ја листата на намирници и јадете ги секој ден!

 

Доколку се обидувате со исхраната да го намалите холестеролот и шеќерот во крвта, сигурно сте слушнале „сто пати“ дека медитеранската диета е најдобрата диета за здравје. Медитеранската исхрана богата со едноставни состојки како свеж зеленчук или маслиново масло, благотворно делува на срцето, но не е најдобра за холестеролот и шеќерот!

 

Експертите велат дека сосема поинаква исхрана е всушност најдобра за оние кои сакаат да го намалат холестеролот без лекови или да ја стабилизираат гликозата во крвта. Станува збор за нордиска диета, а многумина ќе се изненадат бидејќи содржи многу мрсна храна!

 

„Изненадувачки е бидејќи многу луѓе мислат дека со губење на тежината само ќе се постигне здраво ниво на холестерол и шеќер во крвта, но позитивниот ефект врз овие параметри не е само резултат на губење на тежината. Други механизми исто така играат важна улога“, рече Ларс Ове Драгстед , раководител на Одделот за исхрана на Универзитетот во Копенхаген.

 

Тој открива дека истражувањето спроведено на над 200 луѓе со висок индекс на телесна маса и постари од 50 години, покажало дека нордиската исхрана е ефикасна за намалување на холестеролот и шеќерот во крвта. Учесниците беа поделени во две групи, едната јадеше нордиска храна, а другата јадеше нормално, како што беа навикнати пред студијата.

 

„Групата која беше на нордиска диета шест месеци стана значително поздрава. Нивото на холестерол, заситените и незаситените масти падна, а регулирањето на гликозата во крвта беше подобро отколку кај учесниците од другата група. Исто така, се обидовме да одржиме стабилна тежина, да јадат повеќе ако почнат да губат тежина“, рече тој.

 

Нордиската исхрана се состои од храна богата со омега-3 и омега-6 заситени масти. Тоа се:

 

  1. Риба
  2. Ленено семе
  3. Семе од сончоглед
  4. Грав
  5. Грашок
  6. Зелка
  7. Јаболка
  8. Млечни производи
  9. Житарици од цели зрна
  10. Кромид
  11. Сливи

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma