НАЈЕКСЛУЗИВНИОТ НАСТАН ВО ГОДИНАТА: Познатите едноставно сјаеја на Мет Галата во Њујорк

4 мај, 20220
profimedia-0688185674

Мат Гала е хуманитарен настан што се одржува секоја година во првиот понеделник во мај во Метрополитен музејот на уметност во Њујорк.

Целта на Мет Галата, еден од најексклузивните модни и културни настани, е да се соберат пари за годишната модна изложба организирана од модниот оддел на музејот Мет. Секоја година се одредува темата на изложбата, која е и дрес код за учесниците.

Со години сме сведоци на различни креации, несекојдневни комбинации и креации, а секоја ѕвезда и личност од значење поканети на овој настан, се труди да го надмине својот минатогодишен изглед, согласно темата.

Од 1995 година, МЕТ Галата ја организира Ана Винтур, уредничка на магазинот Вог, кој со децении е синоним и воедно главен правилник на високата мода.

Овогодинешната тема на галата беше „Gilded glamour“, додека на изложбата е „Антологија на модата“, а изложбата ќе се фокусира на Ендрју Болтон, главен куратор на Институтот за костими на Музејот на модерна уметност, за вклучување во светот на модата.

На ѕвездите и оваа година не им недостигаше креативност, а дел од нив се појавија во фантастични креации на различни познати брендови како Miu Miu, Louis Vuitton, Givenchy, Yves Saint Laurent и други.

На овогодинешната Мет Гала имавме можност да ги видиме актерките Сара Џесика Паркер и Дакота Џонсон, сестрите Кардашијан-Џенер, познатата манекенка Наоми Кембел. Потоа, Кејт Мос, Карди Би и многу други познати манекенки и музички ѕвезди. Присутен беше и новопечениот пар, синот на Дејвид Бекам Бруклин и неговата сопруга Никола Пелц.

Невозможно е да се каже кој го „украл шоуто“ бидејќи секој блесна на свој начин. Проценете сами кој изгледаше најдобро. Само погледнете некои од фантастичните креации кои ги истакнавме во галеријата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma