НАЈЛЕСНИОТ НАЧИН ДА СЕ ОСЛОБОДИТЕ ОД ЦЕЛУЛИТОТ! 15 минути масажа секој ден

31 март, 20220
459339_pexels-sora-shimazaki-5938233_f

Не постои жена која нема целулит! И оние кои спортуваат, а немаат проблем со килограмите, мака мачат со „кората од портокал“

Иако ретко им пречи на мажите, жените особено во летниот период пробуваат секакви масажи и препарати за барем да ја ублажат оваа појава. Дерматолозите советуваат што повеќе вода со соодветна исхрана, повеќе движење и вежбање.

Масло за бебиња и кружни движења

Обидете се да направите самомасажа без да одите во салон.

Додека ја гледате омилената серија навечер, седнете на страна, нанесете малку бебешко масло на бутовите и масирајте со врвовите на прстите, со кружни движења. Десет минути масажа секој ден може да влијае на разградувањето на целулитот и да го забрза метаболизмот.

А мажите?

Мажите обично немаат проблеми со целулитот бидејќи нивните масни клетки се различно обликувани од женските. Имаат 30 проценти помалку масно ткиво и тие масти се таложат поинаку. Тоа не значи дека не можат да добијат целулит. Некои мажи развиваат целулит во вратот или стомакот.

Ако антицелулитните креми не се скапи за вашиот џеб, нанесете ги на критичните места наместо детските масла.

Мака мачат и девојчињата

Проблемот со целулитот се влошува по 30-тата година, кога кожата почнува да се опушта бидејќи се намалува производството на еластин и колаген, кои инаку ја одржуваат цврста и еластична. Кога тоа ќе се случи, масните клетки полесно продираат во средниот слој на кожата, а на површината целулитот веќе се манифестира со испакнатини и вдлабнатини кои ги мачат нашите очи. Во некои фази, целулитот може да биде болен на допир.

Појавата на целулит е иницирана од хормонот естроген, па не е невообичаено 12-годишни девојчиња да имаат видлив целулит.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma