Најочигледниот знак дека тој е лудо заљубен во вас: Обрнете внимание на овој сигнал!

27 февруари, 20220
profimedia-0205233126-1536x1024

Иако звучи како да е најтешката задача на светот, всушност, многу лесно можете да дознаете дека некој маж е лудо вљубен во вас.

Во тоа го издава еден сигнал кој е повеќе од очигледен.

Дека еден маж е заљубен, секогаш се забележува во неговите очи. По начинот на којшто ве гледа и времетраењето на неговиот поглед упатен кон вас, можете да откриете многу нешта!

Ако погледот трае помалку од 5 секунди, тоа значи дека кај него не постои значителна потреба за интимност или емоционална приврзаност.

Ако погледот трае подолго од 8 секунди, тој сигурно е заљубен во вас.

– „Фронталниот дел од мозокот прави анализа на се околу него, носи заклучоци, проучува, долго гледа. Ако не е заинтересиран за сериозна врска, тогаш ова би можело да биде само проценувачки поглед“ – тврди познатиот психолог, Калина Готикова.

Ако мажот ве гледа долго време во очи, тоа значи дека со вас сака да изгради некоја подолготрајна приказна.

Таа, исто така, тврди дека ако мажот не ве критикува, тој е заљубен во вас. Објаснувањето е едноставно – кога човек е заљубен, тој ја исклучува функцијата на мозокот задолжена да ги оценува луѓето. Вие едноставно сте секогаш совршени и убави за него.

Друга потреба на заљубениот маж е да ви ја фати раката или само да ја допре. Луѓето стануваат поемотивни и имаат желба за каков било контакт со личноста во која се заљубени.

Во секој случај, најсигурниот знак дека некој е заљубен во вас е вашата интуиција. Вашиот стомак не греши, затоа верувајте му на вашето внатрешно чувство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma