НАЈПОЗНАТИОТ ПОЛИТИЧКИ ЗАТВОРЕНИК СЕ ОЖЕНИ ЗА СВОЈАТА АДВОКАТКА: Ги фотографираа затворските чувари

24 март, 20220
Stella-Morris

Џулијан Асанж се ожени во лондонскиот затвор за својата адвокатка Стела Морис.

Најпознатиот политички затвореник и основач на Викиликс Џулијан Асанж (50) се ожени со својата адвокатка Стела Морис (38) во лондонскиот затвор Белмарш.

Според Дејли Мејл, парот имал интимна церемонија пред четворица гости и двајца сведоци. Познатата Вивиен Вествуд дизајнираше венчаница за Стела и килт за Џулијан чии родители се со шкотско потекло, додека тој е роден во Австралија.

Церемонијата мора да се одржи во времето предвидено за посети на затворениците, а адвокатката претходно открила дека е среќна што и е дозволено да се омажи.

Odvjetnica Stella Morris se udaje za Juliana Assangea

„Очигледно сме многу возбудени, иако околностите се многу ограничувачки. Сите гости и сведоци мора да заминат веднаш штом ќе заврши церемонијата и покрај фактот дека тоа ќе биде пред да заврши времето на посетата. Џулијан со нетрпение ја очекува венчавката бидејќи таа конечно ќе се случи, многу месеци по нашето барање“, изјави Морис, која со Асанж ги има синовите Макс и Габриел.

Двојката ќе има поддршка и од луѓето пред затворот кои ќе чекаат Стела да ја пресече свадбената торта и сите ќе бидат свечено облечени како да се на „нормална“ свадба. Фотографиите ќе ги направат затворските чувари кои ќе бидат присутни на венчавката, а парот сам ќе ги плати сите трошоци и побара од сите да донираат пари за кампањата Crowfunder или да направат нешто како лепење плакати со барање за ослободување на Џулијан.

Stella Morris se u zatvoru udaje za Juliana Assangea s kojim ima dva sina

Инаку, за неколку недели ќе навршат три години откако Асанж беше извлечен од амбасадата на Еквадор во Лондон и уапсен. Тој најверојатно ќе биде екстрадиран на американските власти наскоро откако Врховниот суд ја одби неговата жалба пред една недела.

Сакаат да го тужат затоа што преку Викиликс, меѓународна непрофитна организација, објавил стотици илјади документи за војните во Авганистан и Ирак.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma