На просторите на поранешна Југославија се снима третата сезона на серијата „The Witcher“

8 април, 20220
profimedia-0649539801-830x0

По Словенија, тимот пристигна и во Хрватска

Третата сезона од серијата „The Witcher“ веќе се снима на просторите на поранешна Југославија. По Словенија, екипата на оваа продукција на Нетфликс се пресели во Хрватска, поточно во Крк во заливот Зала, кај Стара Башка. На локацијата веќе се поставени кулиси, пишува „Index.hr“.

Како што е познато, снимањето на новата сезона започна на почетокот на март во италијанската провинција Болцано, во Јужен Тирол. Потоа продолжи во Словенија, а сега во Хрватска.

– За Хрватска како филмска локација има голем интерес. Очекуваме многу снимања оваа година, но не можам да зборувам за насловите. Можам да кажам дека лани имавме над 200 милиони куни (над 26 милиони евра) потрошувачка на странски продукции, а годинава веќе очекуваме околу 300 милиони (над 39 милиони евра) – изјави Тања Ладовиќ Блажевиќ од Хрватскиот аудиовизуелен центар.

Да се потсетиме, главниот лик во серијата, ликот на Гералт, го игра Хенри Кавил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma