Неверојатниот Дубаи: 5 работи кои треба да ги имате на ум за време на посетата на овој пустински град!

6 април, 20220
62282732

„Секој ден се повеќе напредувам во секој поглед“ – е реченица која Дубаи, да беше човек, лесно можеше да ја каже. Тоа е град кој продолжува да расте и стана една од најпопуларните дестинации на планетата. Го краси луксуз, прекрасна архитектура, луксузни хотели, но пред да одите таму, дефинитивно треба да ги имате на ум следните работи…

Резервирајте го вашето сместување на време

Бидејќи е една од најпопуларните дестинации за одмор на Блискиот Исток, а во последните години и една од најпопуларните во светот, погрижете се да обезбедите сместување на време. Најпопуларните месеци се од октомври до април, кога повеќето туристи пристигнуваат во Дубаи во голем број. Тоа значи дека сè, од хотели, тури и ресторани – треба да се резервира, особено за хотели. За да избегнете поскапување, се препорачува да резервирате хотели 2-3 месеци однапред.

Не треба да бидете милионер

Иако градот е познат како едно од најлуксузните места на светот, не мора да сте милионер за да го посетите. Овде можете да уживате со ограничен буџет и да најдете поевтино сместување. Таксистите и метрото се доста погодни па нема потреба да се грижите за превозот, а на секој чекор ве очекува евтина вкусна храна од целиот свет. Дополнително, ценкањето е добредојдено, па и овде ќе заштедите пари.

Најдете барови и клубови во хотелите

Дубаи може да се пофали со некои од најдобрите барови и клубови во светот, а повеќето се преполни во четврток и петок навечер. Во градот има бројни барови и клубови; сепак, најверојатно ќе ги најдете во хотели поради законски одредби. Дојдете облечени во најубавите алишта, во спротивно можеби нема ни да можете да влезете. Ако планирате да пиете во некој од клубовите, задолжително земете такси назад до хотелот бидејќи ОАЕ имаат многу строг пристап на нулта толеранција за пиење и возење.

Не пропуштајте ги историските локалитети

Дубаи можеби има сè што можете да замислите кога станува збор за одмор, но не заборавајте да погледнете и некои од знаменитостите на градот. Прошетајте низ стариот град, дом на традиционални пазари и автентични културни искуства. Откријте го блискиот планински град Хата, каде што ќе се вратите во минатото. Во Хата ќе бидете опкружени со вековни цитадели, тврдини и кули. Исто така, важно е да се посети новоотворениот Археолошки музеј Сарук Ал-Хадид, кој содржи артефакти и интерактивни прикази на железното време на Блискиот Исток.

Познат по brunch-от

Заборавете на бранч во Њујорк, бидејќи нема подобар град за уживање во комбинација на појадок и ручек од Дубаи. Бранчот овде е „света“ работа, а најбогатиот и најлуксузниот најдете го во петок („нашата“ сабота), кога паѓа првиот ден од викендот. Можат да траат со часови и да бидат придружени со диџеј музика, а она што дефинитивно треба да го запомните е дека е добро да ги резервирате однапред.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma