„Неразделни сме, растеме заедно“: Парис зборуваше за бракот, па се издаде дека работат на проширување на семејството

30 јануари, 20220
profimedia-0641966736-830x0

– Во последните две години станавме неразделни и толку блиски, па оттогаш се чувствуваме како да сме во брак – изјавила старлетата.

Ријалити ѕвездата Парис Хилтон (40) се омажи за Картер Реум (40) кон крајот на минатата година по двегодишна врска.

По луксузната венчавка во домот на нејзиното семејство во Бел Ер и медениот месец, таа откри како се чувствува во новото поглавје во животот.

– Бракот е одлично ново поглавје за двајцата. Во последните две години станавме неразделни и толку блиски, па оттогаш се чувствуваме како во брак. Сега сум уште повозбудена бидејќи заедно ќе основаме семејство – изјави Парис за странските медиуми, со што посочи дека работат на проширување на семејството.

Хилтон смета дека нејзиниот нов сопруг е најдобар пријател со кој може да расте посигурно.

– Тој е мојот најдобар пријател, па се чувствувам побезбедно додека растеме заедно – додала старлетата.

Најпосебен момент за време на церемонијата, вели таа, било давањето завети.

– Особено ми се допадна моментот кога отстапив од она што го напишав во заветите. Она што искрено го кажав од срце. Беше толку чист момент кога зборував сосема искрено за нашата љубовна приказна – изјави Хилтон.

– Гледајќи го мојот сопруг како плаче пред олтарот ме направи горда на нашата заедничка љубов. Толку сигурна што го избрав вистинскиот засекогаш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma