НЕ ГРИЖЕТЕ СЕ, НЕ Е САМО ВОДАТА! Еве кои ПИЈАЛАЦИ ги препорачуваат нутриционистите доколку сте на ДИЕТА – тука е и ВИНОТО!

20 февруари, 20220
Screenshot_7

Доколку внимавате на исхраната, овие пијалоци ќе ви помогнат во тоа.

 

 

Кога започнувате диета, или популарно целосно го менувате начинот на живот и се посветувате на здравата исхрана, изборот на храна не е единственото нешто што треба да го земете во предвид.

 

Покрај храната, многу е важно кои пијалоци ги консумирате, имајќи предвид дека најчесто имаат скриени калории, па дури и го забавуваат процесот на слабеење.

 

Иако водата е главниот и најздравиот пијалок, кој го препорачуваат сите нутриционисти, за среќа, не е единствениот.

 

Кафе – Можете да пиете кафе, но нека биде црно, без шеќер. Не додавајте млеко, шеќер, шлаг и слично.

 

Чај – За среќа, тука речиси и да нема ограничувања, освен што не смеете да додавате шеќер и мед во чајот.

 

Вода – Најдобар начин да ја задоволите жедта со нула калории. Киселата вода е исто така опција.

 

Купечки сокови – Ова треба да биде општо правило, соковите никогаш не се добар избор. Сокови од зеленчук можете да подготвите дома.

 

Whey  шејк- одличен начин да добиете дополнителна дневна доза на протеини, но не претерувајте. Во просек, една доза Whey протеин измешана со вода содржи околу 150-200 калории.

 

Вино – Повремено можете да се почестите, но со само една чаша вино!

 

Кокосова вода – Идеална за пијалок кој подмладува и природно ја враќа изгубената животна енергија и сила со минимални калории.

 

Растително млеко – Кокосово, бадемово, соја, ориз, просо и овесно млеко: растителното млеко е тренд во исхраната што е добро да се следи – препорачува нутриционистката Наташа Ѓукиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *