НЕ ЗНАЕТЕ ДАЛИ ПИЕТЕ ДОВОЛНО ВОДА? Ова е главниот ПОКАЗАТЕЛ

9 март, 20220
Screenshot_3

За многумина, пиењето два литри вода дневно е нереална цел, а таа количина е повеќе или помалку универзална препорака

 

Сепак, австралискиот диететичар Габриел Мејсон вели дека не постојат научни докази кои го поткрепуваат ова тврдење.

 

-Таа бројка излезе од никаде, иако се согласувам дека е многу важно организмот да биде хидриран. Најлесен начин да знаете дали вашето тело е доволно хидрирано е според бојата на урината. Ако сте дехидрирани – бојата на урината ќе ви биде светложолта, речиси проѕирна – тврди диететичарот.

 

Таа истакнува дека треба да пиете повеќе вода кога надвор е топло или ако многу се потите. Ова исто така значи дека дефинитивно треба да имате шише вода со вас кога тренирате.

 

– Ако е топло, мора да пиете повеќе вода, но ако надвор има многу влага, потребна ви е малку помалку вода бидејќи телото ја впива влагата од средината – вели Мејсон.

 

Според неа, индивидуалните дневни потреби од течности може да варираат од 700 милилитри до два литра во текот на денот, но тоа треба да вклучува и вода што ја внесуваме со храната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma