Не може сѐ на тацна: Истражување вели дека ЖЕНАТА во љубовта треба да биде СЕБИЧНА, еве зошто

25 март, 20220
Screenshot_12

Дарежливоста може да биде скапа

 

 

Иако цел живот нè учат дека себичноста е лоша особина, односно мана и дека треба да се биде дарежлив, се чини дека тоа не е секогаш така.

 

Научниците утврдиле дека себичноста понекогаш се исплати, особено кај жените.

 

Една неодамнешна студија, спроведена од Универзитетот во Аризона, покажа дека жените кои даваат неограничено внимание во врската и се грижат за луѓето околу нив, всушност прават нешто лошо, и тоа сами на себе.

 

Причинувањето на секое задоволство на мажот, грижата за неговите потреби и ставањето на прво место и покрај професионалните, семејните и домашните обврски, доведува до таложење на голем стрес кој и штети на жената, но и на врската.

 

Акумулацијата на стрес на крајот ќе ја доведе жената до точка на пукање, па кавгите во врската, предизвикани од нејзиното незадоволство, ќе станат дел од секојдневието.

 

Докажано е дека жените кои не сакаат да ги задоволуваат другите чувствуваат повисоко ниво на задоволство. Во истражувањето учествувале голем број брачни и невенчани парови, а должината на врската се движела од шест месеци до 44 години.

 

Фокусот на студијата бил на жените, а задачата на паровите била да ги евидентираат секојдневните активности кои ги извршуваат заедно, како дружењето со пријателите и домашните работи.

 

Се испостави дека жените кои се себични функционираат подобро во врската, па врската е поквалитетна. Без разлика дали се работи за вистинска себичност или поставување здрави граници и разбирање на што треба или не треба да се согласите, себичноста е добра за жените.

 

Пред сѐ, врската ќе биде задоволство, стресот ќе биде помал, а границите ќе направат мажот да чувствува поголема почит кон жената.

 

Несебичните и претерано дарежливи жени во истражувањето биле окарактеризирани како незадоволни, помалку среќни и преоптоварени. Најдоброто решение е да ги поделите обврските со партнерот и да ги менувате услугите и малите задоволства еден на друг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma