„Не сакав да го направам тоа, но…“: Костимографот објасни зошто костимот на Бетмен има брадавици

8 јуни, 20220
majkl-kiton-betmen-830x0

„Со костимот на Вал Килмер во филмот „Бетмен засекогаш“, брадавиците беа една од оние работи што ги додадов“, ја започна приказната костимографот Хозе Фернандез.

Костимографот на филмовите „Бетмен засекогаш“ и „Бетмен и Робин“ Хозе Фернандез зборуваше за тоа како е одлучено да се најдат гумени брадавици во костимот на Бетмен.

„Со оделото на Вал Килмер во „Бетмен засекогаш“, брадавиците беа една од оние работи што ги додадов, а за мене тоа не беше фетиш, повеќе како парче од римскиот оклоп – како Centurion. Во стриповите, ликовите секогаш изгледаа голи со спреј во боја – се беше за анатомија, а јас сакав да ја форсирам анатомијата. Не знам точно каде ми беше главата тогаш, но се сеќавам на тоа. И така, додадов брадавици. Немав идеја дека на крајот ќе се зборува за ова“. – изјави Фернандез во интервју за списанието Мел.

Запрашан зошто мисли дека брадавиците се толку исмејувани во „Бетмен и Робин“, но не и во „Бетмен засекогаш“, тој рече: „Па, во првата, тие беа само малку глина. Беше суптилно… Но, во филмот „Бетмен и Робин“, Џоел Шумахер ги сакаше брадавиците, па рече: „Ајде да ги покажеме”.

Јас не сакав да го направам тоа, но шефот сакаше, па ги изостривме (брадавиците), ги заокруживме и се стана смешно“, изјави Фернандез.

На прашањето зошто костимот на „Betgirl“ нема брадавици, тој одговори: „Со Алиша Силверстон (која го играше ликот на Бетгирл), сакаа и брадавици на неа. Тие рекоа: Ако момчињата имаат брадавици (Бетмен и Робин), и девојките треба да имаат брадавици. Откако го извајав костимот, сите сфатија, можеби не. Беше малку грубо, па ги извадивме брадавиците“, пренесува „NME“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma