НЕ СЕ ОТКАЖУВА ЛЕСНО Бебето од култната насловна страница на албумот ‘Nevermind’ повторно ја тужеше групата Нирвана

16 јануари, 20220
Screenshot 2022-01-15 211751

Бара правда на суд!

Спенсер Елден ја тужел Нирвана за сексуална експлоатација бидејќи неговата гола фотографија од периодот кога имал само пет месеци се појавила на насловната страница на еден од најпродаваните албуми на оваа група. Случајот беше отфрлен на суд, а сега Спенсер повторно поднесе тужба.

Спенсер првпат поднесе тужба во август 2021 година, барајќи отштета од 150.000 долари од секој од 15-те обвинети, вклучително и преживеаните поранешни членови на бендот Дејв Грол и Кристо Новоселиќ, како и наследниците на починатиот пејач Курт Кобејн и фотографот Кирк Ведл. Во оригиналниот судски поднесок, неговиот правен тим тврди дека ниту Елден, ниту неговите правни застапници „потпишале изјава со која се овластува да се користи некоја од сликите на Спенсер, а секако не и комерцијалната детска порнографија во која тој бил прикажан“.

Според американскиот федерален закон, жртвите на сексуална злоупотреба на деца можат да тужат секој што ги произведува, дистрибуира или поседува. Елден доби 10 дена да поднесе нов случај, што го направи во средата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma