Никогаш не е доцна: Стана магистер – Џузепе, кој има 98 години, е најстариот студент во Италија!

2 август, 20220
dzuzepe-paterno-student

Џузепе Патерно, кој има 98 години, стана најстариот студент во Италија кој добил диплома и тоа – по втор пат.

Магистерската теза по историја и филозофија, Патерно ја одбрани на Универзитетот во Палермо и на тој начин додаде магистерска диплома на дипломата од истите науки, што ги заврши пред две години.

Последниот испит повторно го положи со највисоки оценки, објави неговото гордо семејство на Фејсбук.

Најстариот студент и новопечениот магистер не планира да одмора и сака да напише роман на својата машина за пишување.

Патерно е роден во 1923 година и израснал во сиромашно семејство на Сицилија. И покрај љубовта кон книгите и учењето, тој немал можност да оди на колеџ, додека бил млад.

Наместо тоа, тој служел во морнарицата, а подоцна работел како железнички работник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma