Никол Кидман се откажа од важен настан пред доделување на Оскарите поради здравствен проблем
8 март, 20220
![Screenshot_4](https://popara.mk/wp-content/uploads/2022/03/Screenshot_4-7.png)
Никол Кидман годинава е во трка за престижниот Оскар.
Никол Кидман во понеделникот беше забележително отсутна на годишниот ручек на номинираните за Оскар.
Холивудската актерка поради здравствен проблем морала да се откаже од доаѓањето во хотелот каде се одржувала прославата.
Никол (54) се опоравува од скината тетива, а според советите на лекарот одмара. Според странските медиуми, станува збор за стара повреда која се вратила на снимањето.
Да потсетиме, церемонијата на доделување Оскар се одржува на 28 март. Никол доби номинација за улогата на Лусил Бол во филмот „ Meet the Ricardos “. Номинирани се и Џесика Честејн (Очите на Тами Феј), Оливија Колман (Изгубена ќерка), Пенелопе Круз (Паралелни мајки) и Кристин Стјуарт (Спенсер).