Ништо не може да се постигне „ПРЕКУ НОЌ“: Кога се видливи ПРВИТЕ РЕЗУЛТАТИ на козметичките производи?

15 јануари, 20220
80da4d9d19ed1ec0d8ec1a417f5e3ccf07130adf

Потребно е малку време за да се уверите дека некој козметички производ ви одговара и дава резултати.

Во големата желба за брз, беспрекорен изглед на кожата на лицето, се случува да ја оптовариме со бројни производи за нега, што често е грешка.

За време на таков процес сакаме резултати веднаш и не дозволуваме кожата да го „направи своето“ за конечно да добиеме вистински фидбек за квалитетот на производот.

Нетрпеливоста во негата е најголемиот непријател, бидејќи очекуваме производите што ги користиме преку ноќ да направат вистинско чудо на лицето, што не е возможно.

За да бидеме сигурни дали некој производ одговара на нашата кожа на лицето, потребно е одредено време, а најновото истражување го покажа точниот број на денови кои и се потребни на кожата да прифати одреден производ.

Според истражувањата, 28 дена се сосема доволен период за тестирање на некој производ и стекнување целосен увид дали тој производ одговара на нашето лице.

Исто така, никогаш не треба да заборавите дека во овој период е важен континуитетот и доследноста на еден производ, освен ако не почувствувате или забележите влошување на лицето во вид на пецкање, црвенило, мозолчиња или некои други неправилности.

Тогаш треба да престанете да го користите тој производ, бидејќи очигледно не ви одговара.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *