Нова модна икона: Младиот глумец знае како треба мажите да носат бисери!

15 ноември, 20220
f_26902541_1280

Да не го зачинеше својот стајлинг за италијанската премиера на новиот филм Bones at All со бисерен ѓердан во дворед, едноставниот црн џемпер со мотив на срце, Timothée Chalamet ќе поминеше под модниот радар. Но, поради тој детал што му го „украде“ на Хари Стајлс, ѕвездата од франшизата Dune би можела да го следи патот на својот моден пример.

image

И на двајцата им се допаѓаат навидум субверзивните елементи во аутфитите на црвениот тепих, како да едвај чекаат некој да им го постави прашањето: „Дали момците треба толку многу да се украсуваат и дали бисерите се резервирани само за жени?“

Одговорот е очигледен: и двајцата изгледаат одлично играјќи со родовата пристрасност на поле каде што не треба да го има, модата.

image

Актерот кој пристигна во Рим на премиерата на филмот според истоимениот роман на американската писателка Камил Деанџелис, пристигна од Јордан каде го снима продолжението на Dune, освен бисери сака и темни комбинации. Како да ги носите покажа минатата сабота во Милано, италијанската престолнина на модата, каде отиде да промовира нов филм, хорор филм кој го следи крвавото патување на тројца тинејџери канибали.

image

Овој пат посегна по плисирана кошула без ракави и соодветна марама која ја носеше напикана во неговиот прстен. Кожените панталони совршено ја комплетираа комбинацијата: субверзивен детаљ овој пат беа неговите машки чизми до глужд од Gucci изработени од лакирана кожа, со целосна потпетица. Не е потребно да се нагласи дека привлече восхитувачки погледи со својот смел избор на обувки (што трендсетерките со задоволство би му ги украле).

image

Уште еден необичен детал беше раскошниот накит на неговите раце, нараквиците и прстените од бело злато, сребро или челик (тие одлично го надополнуваат монохроматскиот моден избор). По таков пробив, треба да следат новите насловни страници на Шаламе во модните списанија: тој веќе беше на насловната страница на британскиот Вог, па затоа Хари Стајлс, пази се!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi