Новите подваријанти на коронавирусот можат да ги избегнат антителата од вакцинација и инфекција

23 јуни, 20220
Screenshot_3

Омикронските подваријанти BA.4 и BA.5 избегнуваат антитела и кај луѓето кои имале претходна инфекција со ковид и кај оние кои биле целосно вакцинирани, вклучително и со дополнителната доза, според новото истражување од медицинскиот центар Beth Israel Deaconess, кој е дел од Харвард.

 

 

Сепак, се очекува вакцинацијата против Ковид да обезбеди значителна заштита од посериозни болести. Производителите работат на подобрување на вакцините кои би можеле да го поттикнат посилен имунолошки одговор на овие варијанти.

 

Според новата студија објавена оваа недела во New England Journal of Medicine, пренесена од CNN, нивоата на неутрализирачки антитела предизвикани од претходна инфекција или вакцинација се неколку пати пониски во подваријантите BA.4 и BA.5 во споредба со оригиналниот коронавирус.

 

„Забележавме трикратно намалување на титарот на неутрализирачки антитела предизвикани од вакцинација и инфекција против BA.4 и BA.5 во споредба со подваријантите BA.1 и BA.2, кои веќе се значително пониски од оригиналните варијанти на вирусот“ изјави Д-р Ден Барукс за CNN, автор и директор на Центарот за истражување на вирусологија и вакцини во медицинскиот центар Бет Израел Диконес во Бостон.

 

„Нашите податоци укажуваат дека постои можност новите подваријанти на омикрон да доведат до зголемување на инфекциите кај популацијата со високо ниво на имунитет добиен со вакцината, како и кај оние со природен имунитет на BA.1 и BA.2. “ напиша д-р Баруш.

 

Тој додаде дека имунитетот стекнат со вакцината најверојатно дополнително ќе обезбеди значителна заштита од сериозни болести кај оние кои се заразени со подваријантите BA.4 и BA.5.

 

Неодамна објавените наоди поддржуваат посебна студија на научници од Универзитетот Колумбија.

 

Тие неодамна открија дека вирусите BA.4 и BA.5 имаат поголема веројатност да избегнуваат антитела во крвта на целосно вакцинирани возрасни и оние со засилена доза, во споредба со другите подваријанти на омикрон, што го зголемува ризикот од инфекции со ковид-индуцирање имунитет.

 

Авторите на посебна студија велат дека нивните резултати укажуваат на поголем ризик од повторна инфекција дури и кај луѓе кои претходно стекнале имунитет.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber