Новост во лекарските ординации: „Наместо лекови, земете доза престој во националните паркови“

5 март, 20220
62242670

Кога ќе посетите лекар со вашата типична болка, тој најверојатно ќе ви препише некои добро познати работи. Лекови, апчиња, инјекции, реално, сè заедно не е баш среќа. Но, што ако официјално, медицински добиеме препорака за некои други, посреќни и поубави работи?

Лекарите во Канада отсега можат да го прават токму тоа. Новата програма во четири канадски провинции ќе им овозможи на лекарите да препишуваат време во националните паркови за пациентите на кои им треба малку време на отворено. Да, добро прочитавте – ќе дојдете на лекар и ќе добиете рецепт со препорака за одмор во некој од националните паркови.

Иницијативата се вика PaRX, а беше официјално признаена од Фондацијата BC Parks минатиот месец. Здравствените работници кои ќе се пријават за програмата можат да им понудат на пациентите бесплатна карта за разгледување паркови во Канада, која инаку би чинела околу 450 долари годишно. Општата препорака е пациентите да поминуваат два часа неделно во некој од парковите.

PaRX тврди дека одењето во природа може да има неколку придобивки за физичкото и менталното здравје. Од намалување на стресот и високиот крвен притисок до чистење на белите дробови и продолжување на животот, свежиот воздух се чини дека е, ако не лек, тогаш барем противотров за речиси сè. Неговите придобивки не се ограничени ниту на возрасните – децата исто така можат да имаат корист од подобра кондиција и поминување време на отворено. Навистина е тешко да се најдат аргументи против програмата.

Шемата моментално е достапна во провинциите Британска Колумбија, Онтарио, Саскачеван и Манитоба, иако се очекува да се прошири на сите канадски провинции и територии со текот на времето. Само веруваме дека остатокот од светот ќе ја прифати оваа канадска идеја во годините што доаѓаат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma