Ново истражување: Кому ПОТЕШКО му паѓа САМОТИЈАТА, на мажите или на жените?

20 јануари, 20220
Samoca-2048x1365

Научниците се обиделе да ја утврдат врската помеѓу осаменоста и воспалителните процеси во телото кај двата пола

Самотијата може да биде исклучително тешка бидејќи луѓето се социјални суштества на кои им е потребен контакт со други луѓе.

Ако немаме со кого да ја споделиме нашата среќа, дури и оние тешките моменти, веројатно ќе се чувствуваме осамено.

Сепак, научниците сакале да испитаат кој потешко ја поднесува самотијата – жените или мажите?

Како заклучок, тие спровеле студија на 4.835 примероци крв од учесници во биобанката за стареење во Копенхаген за да ги испитаат причините за воспалителни процеси, дали постои врска помеѓу чувството на осаменост и внатрешните промени во телото, и кај мажите и кај жените.

– Најдовме значајна врска помеѓу раскинувањето на партнерството или годините кои поединците ги поминале сами и воспаленијата – само кај мажите – вели докторката и авторка на студијата Каролина Дејвидсен, истражувач – соработник на Одделот за јавно здравје на Универзитетот во Копенхаген.

Научниците дошле до заклучок дека жените се помалку ранливи кога станува збор за осаменоста.

– Оваа студија ја зајакнува врската што експертите ја виделе помеѓу нервниот систем и воспаленијата, што е значаен придонес за разбирање на срцевите заболувања“, вели Елијаким Киселев, доцент на Универзитетот во Ерусалим.

Знаејќи дека ризикот од воспаление може да се зголеми, д-р Питер Либи, специјалист по кардиоваскуларна медицина во Бригам, додаде дека ги советува пациентите да се стремат кон здрав начин на живот.

– Кога се соочувате со какви било потешкотии, редовната физичка активност и здравата исхрана можат да помогнат за благосостојба, психолошки и биолошки успех – истакнува докторот.

Либи проучувал обичаи во повеќе од 30 земји и направил повеќе од 140 интервјуа со самци во САД и Европа, со луѓе на возраст меѓу 30 и 78 години кои биле различни по пол, сексуална ориентација, социоекономска и етничка припадност.

Тој открил дека клучните разлики помеѓу среќните и несреќните самци зависат од тоа дали тие ги прифаќаат стереотипите дека не се трудат да бидат среќни или работат на тоа да се чувствуваат исполнето.

– Осаменоста кај некои среќни самци може да се надомести, на пример, со стекнување возбудливи искуства, како на пример патувања или пронаоѓање нови хобија – рече Елијаким Киселев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma