Ново моќно издание на Џенифер Лопез: Во шестата деценија изгледа како милион долари

9 февруари, 20220
dzenifer-lopez-2-830x0

Пејачката и актерка позираше за насловната страница на магазинот Rolling Stone

Џенифер Лопез, многумина би рекле, е како вино. Колку е постара, толку подобро изгледа. Пејачката и актерка, која е во шестата деценија од животот, го краси мартовското издание на магазинот Rolling Stone.

Таа направи едиторијал за ова списание при што нејзиниот моќен изглед дојде до израз.

Џеј Ло беше фотографирана од фотографот Крисеан Роуз, а откако насловната го здогледа светлото на денот, многумина беа воодушевени.

Инаку, Џенифер Лопез даде интервју за „Ролинг Стоун“, каде зборуваше за својата кариера. Џеј Ло изјавила дека нејзината мајка Гвадалупе Родригез ја подготвила за работа во шоу-бизнисот.

– Слушајте, мајка ми беше забавна мајка. Исто така беше мајка која ме запозна со мјузикли и ме запозна со сите видови музика. Јас сум забавувач поради мајка ми. Но, можев да ги преживеам и работите што ги преживеав во овој бизнис, бидејќи мајка ми беше силна. Мислам дека не можеше да разбере за што ме подготвува, но сфати – вели Џенифер Лопез, а пренесува „Пипл“.

Џеј Ло како и многумина почна „од нула“ и стана една од најпопуларните светски фигури во светот на шоу-бизнисот.

– Не познавав никого во работава. Само отидов и реков: „За*би. Ќе се обидам. Ќе се обидам да влезам овде“. – изјавила Џеј Ло.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi