Нов трејлер за хит филмот кој Николас Кејџ го сними во Дубровник: Едвај чекаме

13 март, 20220
nikolas-kejdz-830x0

Холивудската суперѕвезда во остварувањето „The Unbearable Weight of Massive Talent“ се игра сам себе

Филмот на Николас Кејџ „Неподносливата тежина на масивниот талент“ ќе биде премиерно прикажан на 22 април 2022 година, а додека не стигне во кината, се појави нов трејлер.

Во ова остварување, холивудската суперѕвезда се глуми себеси, актер чија кариера оди низводно, па тој е принуден да прифати работа вредна милион долари, а тоа е да дојде на роденден на богат фан.

Николас Кејџ е принуден да го игра секој од најпознатите и најлегендарните ликови што ги играл во текот на неговата кариера, но како вистинскиот Николас Кејџ.

Делови од овој филм се снимени во Дубровник и други места во Хрватска, поточно во вилата Шехерезада, Уметничката галерија, Конавле и Цавтат, пишува Index.hr.

Погледнете го трејлерот:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma