Носете ја со ГОРДОСТ: Со 3 стручни совети, вашата СЕДА коса секогаш ќе биде убава и негувана

10 јули, 20220
seda-kosa

Не мора да ја прикривате седата коса за да имате убава коса

Многу луѓе мислат дека единствениот начин да се направи побелената коса да изгледа убаво е да ја бојадисате во различна боја.

Доколку причината за тоа е специфичната нега која ја бара седата коса, би било разбирливо.

Сепак, седата коса е повеќе омразена бидејќи е показател за стареење, од што сите се плашат, иако тоа е нешто што неминовно ќе дојде.

Но, може да биде свиленкаста и мека како некогаш, а со неа да ги направите сите фризури што сте ги правеле претходно, додека косата ја имала својата природна боја.

Погледнете ги само многуте познати дами кои гордо ја носат својата седа коса, како Хелен Мирен, Дајан Китон, Рита Морено и многу други.

Користете виолетов шампон

Веројатно сте користеле виолетов шампон ако сте ја бојадисале косата во минатото.

– Најдобар шампон за сите оние кои имаат седи влакна е виолетовиот шампон. Овие тонови помагаат сивата коса да не пожолтува и овозможуваат белата коса да остане бела и живописна – објаснува професионалниот фризер од Лас Вегас и главен уредник на списанието „Најнови фризури“ Синди Маркус.

За виткана и погруба коса, се препорачува наизменично да користите хидратантен и виолетов шампон.

– „На овој начин и пружате нега на косата, а воедно се грижите и за нијансата“, вели фризерката и посочува дека истата рутина може да се примени и со шампон за зголемување на волуменот доколку е потребна поголема исполнетост – вели Синди.

Користете балзам

Неопходно е да ја снабдите вашата коса со хранливи материи, а токму за ова служи регенераторот за коса. Потребно е само да го изберете оној кој одговара на потребите на вашата коса.

– Ако имате груба текстура на косата, користете хидратантен регенератор. На жените со мека коса најмногу им одговара регенератор кој дава волумен – вели Синди.

Редовно потстрижувајте ја косата

За косата да изгледа негувано и да има правилен облик, неопходно е редовно шишање. Фризерот на Гвинет Палтроу, Коди Ренегар, советува да ја шишате косата на секои осум недели.

– Одржувањето на сивите врвови убави, чисти и остри ќе ја одржи косата долга и здрава – тврди тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma