Нутриционистите открија: Кои банани се поздрави, ПРЕЗРЕЛИТЕ или ЗЕЛЕНИТЕ?

12 февруари, 20220
Banane

И двете имаат свои предности и недостатоци, но нутриционистите претпочитаат еден вид

Одамна е познато дека бананите ни даваат енергија и дека треба често да ги јадеме поради сите хранливи материи што ги содржат.

Ова овошје е омилено во целиот свет, а особено кај африканското население.

Сепак, вечното прашање е кои банани се поздрави, презрелите или зелените?

Секогаш ќе сретнете некој кој претпочита да јаде, на пример, зелена банана, а експертите открија дали е навистина здрава.

Зелените банани со текот на времето ќе станат презрели, а со тоа и послатки. Затоа дамкастите банани (оние кои се презрели) имаат поголемо влијание на шеќерот во крвта и побрзо се варат. Како што созреваат бананите, гликемискиот индекс се удвојува.

Затоа нутриционистите препорачуваат да јадете зелени банани, бидејќи само така ќе постигнете ефект на стабилизирање на шеќерот во крвта.

Од друга страна, поголема е веројатноста да добиете запек ако се одлучите за зелени банани бидејќи незрелата банана може да ги влоши проблемите со запекот. Поради бавното варење на уникатните молекули на зелената банана (пектински влакна и отпорен скроб), оние кои имаат проблеми со бавно варење треба да избегнуваат незрели банани.

Ако, сепак, не ги сакате дамкастие, тогаш пијте вода после секоја зелена банана, за да го избегнете проблемот со опстипација. Во секој случај, нутриционистите препорачуваат дека е поздраво да се консумираат позелени банани отколку оние презрелите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma