Објавено видео од моментот кога Алек Болдвин бил информиран дека Халина Хачинс починала

27 април, 20220
Screenshot_8

Актерот подоцна ги прашал инспекторите дали може да ѝ се јави на сопругата Хилари

 

 

Објавена е снимка од моментот кога актерот Алек Болдвин бил информиран дека директорката на фотографија Халина Хачинс починала откако ненамерно ја застрелал на снимањето на „ Rust “.

 

На видеото се гледа како тие му кажуваат на актерот дека Хачинс (42) им подлегнала на повредите, додека Болдвин во шок само рекол „не“.

 

Понатаму можете да го видите Болдвин како ја крева раката кон устата додека избезумено зјапа во тишина. Останува во истата положба неколку секунди пред да ја стави раката на градите и потоа да го покрие лицето со рацете.

Подоцна Болдвин ги прашал инспекторите дали може да ѝ се јави на неговата сопруга Хилари.

 

На прашањето дали може да направат нешто, Болдвин рече: „Сакам да ѝ се јавам на жена ми. Сакам да одам да ѝ се јавам на жена ми“.

 

Потоа беше виден како излегува од собата со рацете на главата.

 

Видеото е снимено на 21 октомври, неколку часа откако тој случајно ја убил Халина. Во тоа време, па дури и сега, шест месеци подоцна, никој не знае како вистинскиот куршум дошол до пиштолот на Болдвин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma