Објавен е трејлерот за најновиот документарен филм за Џорџ Мајкл

29 април, 20220
Dzordz-Majkl-3-830x0

Документарниот филм „George Michael Freedom Uncut“ ќе биде објавен како глобален филмски настан на 22-ри јуни

Објавен е официјалниот трејлер за најновиот документарен филм за Џорџ Мајкл, насловен „George Michael Freedom Uncut“. Ова достигнување, како што е познато, ќе содржи ексклузивни архивски снимки и интервјуа со многу од омилените музичари и најблиски на Мајкл. Музичката легенда почина на 53-годишна возраст на 25-ти декември 2016 година.

– Џорџ Мајкл беше инспиративен уметник чија приказна заслужува да биде споделена на големото платно ширум светот. Во чест на роденденот на Џорџ овој јуни, ние сме воодушевени што работиме со Дејвид Остин и нашите партнери од „Trafalgar Releasing“ за да им овозможиме на фановите невиден пристап кон неговиот извонреден живот на сцената, и надвор од неа, рече Том Мекеј, претседател во „Sony Music Entertainment“.

Документарниот филм „George Michael Freedom Uncut“ ќе биде објавен како глобален кино настан на 22-ри јуни, пишува „NME“.

Погледнете го трејлерот:

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi