ОВА Е СОДРЖИНАТА КОЈА ЈА САКАМЕ ОД ЖЕНИТЕ! Ријалити ѕвездата го откри стомакот по породувањето! (ФОТО)

27 март, 20220
546731_kajli_f

Кајли Џенер го откри својот стомак по породувањето, а жените со воодушевување ги поздравија нејзините сирови фотографии без обработка…

Кајли Џенер (24) на својот Инстаграм профил најчесто објавува совршени фотографии кои поминуваат низ Фотошоп пред објавување за да изгледа беспрекорно на секоја од нив. Таа пред нешто повеќе од еден месец го роди своето второ дете, а сега покажа како изгледа нејзиниот стомак по породувањето.

Многу жени се воодушевени од нејзиниот потег бидејќи конечно ја покажа вистинската состојба на женското тело по раѓањето на детето. На фотографијата нејзиниот син ги држи стапалата на нејзиниот стомак, кој изгледа нормално, како и стомакот на секоја новопечена мајка.

– Како мајка, навистина ја ценам сировоста на оваа фотографија. Истегната кожа, стомак после породување и малку повеќе килограми. Се ми се допаѓа – напишала една мајка на Редит.

– Ова е содржината што ја сакаме од жените со толку голема база на следбеници – напиша друга.

– Мило ми е што го објави ова. Ова е нормализирање на женските тела – додаде трета.

Кајли призна дека овој пат се справува потешко од првиот пат и дека ова е психички и физички предизвикувачки период за неа.

– Тешко е. Во ред е да не си во ред. Кога сфатив дека си правам премногу притисок, се потсетив дека сум само човек и дека имам убаво, здраво момче. Мора да престанеме да се присилуваме да се вратиме што е можно поскоро по породувањето – изјавила Кајли.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma