Ова се грешките поради кои навечер се будите и се дебелеете: Познати се причините за НЕСОНИЦАТА и како да си помогнете

28 февруари, 20220
323_shutterstock-1811594341_f

Петте најчести грешки поврзани со пиењето кои луѓето ги прават во зрелоста – влијаат на спиењето, концентрацијата, будењето, метаболизмот… Прочитајте како кафето, водата и алкохолот влијаат на вас

Ако имате над 50 години, веројатно веќе сте свесни за промените во телото, метаболизмот, здравјето… Варењето и вкусот на храната стануваат поинакви, килограмите полесно се „лепат“ од порано, а ова се навиките на кои треба да внимавате ако уживате во повремена чаша од вашиот омилен пијалок.

Експертите велат дека и неколку чаши вино ќе не „удраат“ како чекан ако сме постари од 50 години, а ова се други навики поврзани со консумирање алкохол на кои треба да внимавате.

Пиете секој ден

Ова е исклучително штетно за здравјето, не само поради алкохолот што е штетен за црниот дроб, туку и поради внесените шеќери.

„Дури и алкохолните пијалоци кои не содржат шеќер може да доведат до зголемување на телесната тежина, запомнете дека алкохолот е течна калорија и без протеини, масти и влакна. Нема состојки кои ќе направат да се чувствувате сити, а колку повеќе пиете, толку повеќе ќе морате да јадете“, предупредува диететичарот Меган Рузвелт.

Пиете навечер

Предупредува дека поради алкохолот ќе се чувствувате повеќе уморни, а тоа штетно ќе се одрази на квалитетот на сонот.

Со консумирање алкохол ќе биде загрозена РЕМ фазата во која телото најмногу се одмара и се обновува“.

Пиете слатки сокови

Нашите когнитивни функции опаѓаат со текот на времето, а шеќерот е нивен голем непријател.

„Студиите покажаа дека високиот внес на додаден, рафиниран шеќер доведува до дополнително опаѓање на когнитивните функции“, предупреди диететичарката Лејси Нго.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma