Овие трикови ги применува и Викторија Бекам! 4 совети како визуелно да ги издолжите нозете и да изгледате повисоки!

12 март, 20220
336616_devojka-moda-shutterstock-1781009285_ff

Не сите жени се високи или со извајани нозе… И тоа воопшто не е важно. Со неколку вистински модни трикови ќе можете визуелно да направите вистинско чудо за вашата фигура.

Тајната е во внимателното комбинирање на облеката и изборот на облека што ќе ѝ помага на вашата линија дури и кога спаѓате во групата дами кои се пониски. Како и за се, има гардероба што не треба да ја носите, а има и една која е многу посакувана, а воедно прави да изгледате супер тренди.

Како?

Долги панталони

И Викторија Бекам долго време го користи овој трик! Долгите панталони ја издолжуваат фигурата, а не е ни лошо кога се предолги за нијанса, бидејќи тогаш со добар пар високи потпетици правите да изгледаат многу подолго отколку што се… Избегнувајте пократки ногавици, кои иако ја прават ногата витка, ја скратуваат, што не е добро за секоја фигура!

Кратки здолништа

Долги панталони, но кратки здолништа! Кратките здолништа визуелно ги издолжуваат нозете, а тоа девојките го знаат одамна. Не би требало да избирате минијатурни модели, но ниту миди здолништата доколку ви ја скратат фигурата (на пример, ова е една од грешките кои понекогаш ја прави Џеј Ло). Од друга страна, макси здолништата понекогаш знаат да имаат ист ефект како мини здолништата!

mini-suknja, mini suknja, Mini suknja, kožna jakna, Kožna jakna, džemper, moda, jesenja sezona

Дебел ѓон

Чевлите со дебел ѓон, кога едноставно не е прилика за високи потпетици, ви даваат уште неколку сантиметри и ги издолжуваат нозете. Тоа може да бидат патики и какви било чевли за секој ден, работа, вечера, лежерно излегување…

Moda, Horoskop, Chunky čizme

Панталони со висок струк

Јасно е: тие оптички ги издолжуваат нозете, а ги комбинираат со високи потпетици или чевли со подебел ѓон. Истото важи и за здолништата со висок струк!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi