Овошје кое е полно со шеќер: Без грижи, само заменете ги за помалку слатка варијанта

21 септември, 20220
Screenshot_10

Овошјето е незаменлив дел од урамнотежена исхрана бидејќи содржи многу хранливи материи како витамини, влакна, минерали. Се препорачува да се јаде овошје секој ден за правилно функционирање на цревата, варење и регулирање на телесната тежина

 

 

 

Но, и овошјето содржи шеќер. Затоа внимавајте ако имате проблеми со висок шеќер во крвта.

 

Едно манго може да содржи и до 45 грама шеќер! Ова е проблем особено ако сакате да изгубите тежина. Се препорачува да се јаде половина од овошјето и да не се претерува со консумација.

 

Една чаша грозје содржи 23 грама шеќер. Иако овошниот шеќер е подобар од преработениот, сепак треба да се внимава на неговото внесување.

 

Сочни и слатки, вишните се омилено овошје на многумина. Сепак, една шолја од ова овошје може да содржи и до 18 грама шеќер. Кога имате голема чинија со вишни пред вас, најдобро е да внимавате колку ќе изедете.

 

Се ближи есента, а со неа и сезоната на круши. Круша со средна големина може да содржи до 17 грама шеќер. Затоа најдобро би било да консумирате по една дневно доколку сакате да ослабете.

 

Дали знаевте дека лубеницата содржи иста количина шеќер како крушата со средна големина? Затоа обидете се да го ограничите внесот на ова овошје

 

Околу 85 грама смокви содржат 13,8 грама шеќер, односно две смокви со средна големина имаат околу 16 грама шеќер. Ова овошје е богато со шеќер, па затоа порција од 85 грама содржи 10,1 грама шеќер. Исто така, бананите се исклучително калорично овошје, па затоа не се баш добар сојузник доколку сакате да ослабете.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit