Овој модел на фармерки ќе биде хит во текот на пролетта: И Мерлин Монро ги носеше пред 60 години (ФОТО)

13 февруари, 20220
Screenshot 2022-02-13 162913

Што се однесува до фармерките, веќе некое време акцентот е ставен на моделите кои се поопуштени и би можеле да кажеме „anti-skinny“: затоа, пожелно е ногавиците да бидат пошироки, а половината повисока.

И додека тесните фармерки цврсто се прилепуваат на силуетата, високиот струк и пошироките ногавици, т.н. „mom jeans“ даваат многу повеќе удобност.

Во нивните омилени пошироки фармерки, ѕвездите како Кејти Холмс, Хејли Бибер или Кендал Џенер покажуваат дека оваа пролет се ќе биде во знакот на тренди лежерноста.

Широките кроеви сè уште ќе бидат присутни кога станува збор за моделите на фармерки, а таа модна приказна не враќа во 1960-тите со филмската икона Мерлин Монро. Спротивно на тогашниот тренд на лелеави панталони, русокосата заводничка ги прослави фармерките кои ќе доминираат и оваа пролет.

Ако не знаете какви фармерки се тие, погледнете ги сцените од вестерн-хитот „Misfits“ од 1962 година.

Screenshot 2022-02-13 164208
Screenshot 2022-02-13 164231

Мерлин ја игра разведената танчерка Рослин која чека подобри времиња. Во потрага по подлабока смисла на животот, ликот на Монро се среќава со каубојци и јавачи на родео.

Актерката за прв пат во таа продукција не глуми русокоса наивка, туку модерна, независна жена. Станува збор за улога која не е фокусирана само на нејзиниот сексапил, па изгледот на нејзиниот филмски лик е сосема поинаков.

Наместо кратки фустани и здолништа, Монро во овој филм ги носи овие фармерки со висок струк и бела широка кошула – комбинација која е сè уште популарна и по повеќе од шест децении.

Спротивно на тогашниот идеал за убавина, иконите од 60-тите, како на пр. Твиги или Одри Хепберн беа слаби, додека заштитен знак на Мерлин Монро беа облините, што беше видливо во фармерките со овој крој и лежерната кошула.

Како да ги комбинирате оваа пролет

Иако овој модел се проби дури во 1980-тите, првите модели можеа да се најдат 20 години порано. Што ги прави ваквите фармерки толку популарни?

Спротивно на воспоставеното мислење дека фармерките со висок струк им стојат само на ретки, ваквите модели всушност им ласкаат на многу типови на фигури и го истакнуваат струкот. Маиците и кошулите изгледаат најдобро кога се вовлечени во овој модел на фармерки. Ако ги комбинирате на пр. со поелегантни парчиња како свилена блуза, стајлингот можете дополнително да го комплетирате со ремен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma