Од сетот на најпопуларната серија на Нетфликс биле украдени предмети вредни 150 илјади фунти!

26 февруари, 20220
elizabeth-debicki-serija-kruna-3-830x0 (1)

Нефликс ја потврди информацијата за кражба на вредни реквизити што ги користеле за време на снимањето на повеќенаградуваната серија „The Crown“, која се емитува на глобалната стриминг платформа Нетфликс.

Наводно, минатата среда вечерта биле украдени бројни предмети и реквизити во вредност од дури 150.000 фунти, а во тек е полициска истрага.

Таблоидот „The Sun“ пишува дека инцидентот се случил на северот на Англија во последната недела од снимањето.

Како што понатаму се наведува, меѓу дури 200 украдени реквизити има и реплика на руското јајце Фабреже.

Покрај копијата од јајцето што кралот Џорџ V го набавил во 1933 година, има и канделабри, накит, часовник, сребрени садови и кафез за птици.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma