Опаѓање, забавен раст: Што може да се случи со КОСАТА ако премногу често ја врзувате во РЕПЧЕ?

26 јануари, 20220
e9c588916eb4fc51dc13eec8e10ac200c12bd59f

Оваа фризура може да ви предизвика сериозни последици доколку ја правите погрешно.

Репчето е една од најпопуларните фризури поради неколку причини – лесно се прави и може да изгледа елегантно, но и опуштено. Идеално решение е доколку сакате да ја „сокриете“ неизмиената коса, или пак ако тренирате.

Сепак, важно е да знаете дека честото врзување на косата може да предизвика сериозни оштетувања.

Најчестите грешки кои ги правиме при врзување на репче

Ако врзувате репче така што ја зафрлате косата на задниот дел од главата и ја затегнувате со ластик толку пати што имате чувство дека ластикот ќе пукне, знајте дека правите огромна штета.

Имено, дерматолозите велат дека поради ваквото врзување косата станува потенка, што на долг рок доведува до проретчување на косата.

Косата може да се проретчи секаде на скалпот, но поради опавчето најчесто се проретчува од страна.

Кога ќе ви се појават високи залистоци што сте ги немале, тоа е знак дека косата почнала да се тенчи бидејќи фоликулите се трауматизираат, а косата престанува да расте.

Друг показател дека репчето ќе ја оштети вашата коса е болното теме.

Ако ве боли главата кога ќе го врзете репчето и ако го имате тоа непријатно чувство кога ќе ја пуштите косата, тоа значи дека премногу сте ја затегнале и треба да престанете да го правите тоа некое време.

Како да ја опоравите косата по прекумерно носење на репче

Косата ќе се опорави сама со текот на времето ако престанете да ја прзувате често.

Ако не можете без репче, направете полабава варијанта која нема да ве повреди. Исто така, избегнувајте силно влечење додека ја обликувате косата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma