„Ослабев од ИНАЕТ!“ – Снежана Ѓуришиќ откри како успеала да изгуби 20 килограми!

7 август, 20220
321647_snezana-djurisic-damir-dervisagic_ff

Познатата пејачка со години е во борба со килограмите, а неодамна изгледа, но и се чувствува одлично.

Фолк пејачката, Снежана Ѓуришиќ, неодамна ги изненади сите со големата трансформација. Имено, таа за кратко време успеа да се ослободи од вишокот килограми, а медиумите пишуваат дека ослабела дури 20 килограми.

– „Мислам дека ослабев од инает. Колку сум понервозна и поуморна, толку сум подобра и поубава. Шегата на страна, се ослободив од слатките и лебот и толку“ – објасни пејачката и член на жирито на музичкиот натпревар „Ѕвезде Гранда“.

Признала дека не ѝ било лесно бидејќи е голем хедонист и ги обожава слатките, кои најмногу ѝ недостасувале. Сепак, летната сезона нуди многу можности за здрава исхрана, а Снежана Ѓуришиќ сама подготвува квалитетни оброци, кои ѝ помагаат да ја одржи фигурата.

– „Ова лето повеќе сакам да подготвувам сатариш, тоа најмногу ми одговара на топлово време. Генерално, сета полесна храна, многу зеленчук, месо и секако, овошни салати“ – истакна пејачката.

Таа претходно зборуваше за тоа како нејзината тежина често варира, а неодамна почна напорно да тренира.

– „Јас сум некој што е хедонист, поради што има флуктуации во килограмите. Изгубив многу килограми во 1992 година, додека живеев во Америка, и тоа беше на начин за кој веќе зборував и за кој веќе се пишуваше. Оттогаш внимавам осцилациите да не се големи. Редовно вежбам со фитнес инструкторката Даниела, во удобноста на мојот дом, одам на разни третмани кои одговараат на кожата на моите години, се грижам за себе… Покрај сето ова, што можеме да го направиме за себе, најголемата убавина доаѓа од внатре. Најубавиот накит е задоволството, а жената е најубава кога е сакана и кога сака“ – изјави пејачката во една прилика.

 

– „Немам помош, јас сум свој нутриционист. Иако претходно користев услуги на нутриционист. Свесна сум дека во исхраната не треба да имам слатки и тесто, кои нормално ги обожавам, па кога ќе се осмелам да си дозволам, се трудам да ги јадам во мали количини. Вања навистина сака да јаде сè. Што и да приготвам, се возбудува, но ќе го истакнам мојот познат сатараш, односно „беќар чорба“, тоа е нашето омилено јадење“ – вели Снежана и признава дека успеала да се ослободи и од големиот порок.

Инаку, таа успеа да се ослободи од зависноста од цигари, а денес единствен порок ѝ се слатките.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit