ОТКАКО БРАКОТ МУ СЕ РАСПАДНА, НАЈЗГОДНИОТ АКТЕР ЦЕЛОСНО СЕ ЗАПУШТИ: Живее во камп приколка и изгледа запоставено! (ФОТО)

30 јануари, 20220
269821_dzejsonmomoa_ls

Овие фотографии со голема брзина го обиколија светот, а фановите се прашуваат што се случува со него

Целиот свет остана во шок кога еден од најзгодните актери на светот објави дека се разведува од својата 54-годишна сопруга Лиза Бонет. Имено, тие важеа за најхармоничен пар и често јавно зборуваа за тоа колку се сакаат и поддржуваат.

Сепак, иако се изгледаше идилично, реалноста е далеку од тоа. По 5 години брак, и 16 години заеднички живот, решија да стават точка. Џејсон ја сподели оваа вест со своите следбеници на Инстаграм.

Веднаш потоа стана мета на папараците кои го следат секој негов потег за да го „фатат“ со нова девојка. Сепак, она што го фотографираа ги шокираше фановите на актерот.

Имено, изгледа целосно запоставено, но сепак не ја симнува насмевката од лицето. Го сменил и местото на живеење, па сега живее во приколка паркирана во дворот на куќата на неговиот пријател во Лос Анџелес.

Приколката во која спие откако се разведе од сопругата е паркирана на само неколку километри од куќата во која живеше со Лиза и нивните деца.

Не е познато дали тој официјално се иселил од куќата, но актерот не покажува загриженост за моменталниот начин на живот и сместувањето во кое ги минува деновите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma