Откриено зошто мажите НИКОГАШ НЕ ОДБИВААТ да водат љубов, дури и кога не им е до тоа

14 март, 20220
Seks-6

Причините немаат врска со желбата за секс и возбуда

Иако е вообичаено верување дека мажите се апсолутно секогаш расположени за водење љубов, истражувањата покажуваат дека тоа не е точно во пракса.

Џеси Форд, докторант по социологија на Универзитетот во Њујорк, спроведе студија во која беа испитани 39 студенти, а резултатите покажаа дека младите мажи неволно се согласуваат на секс многу почесто отколку што се мислело.

Интервјуата со мажи кои се согласиле да водат љубов против нивна волја открија различни причини за оваа појава.

Само 8 мажи признале дека го сториле тоа додека биле во алкохолизирана состојба, додека останатите изјавиле дека не почувствувале поврзаност, дека биле уморни, дека немале кондом, дека сакале друг вид физички контакт или дека мислат дека нивната партнерка ќе ги смета за помалку мажествени.

– Не сакав да се најдам во таа позиција бидејќи сексот во тоа време за мене сè уште беше еден вид емотивна работа. Од друга страна, не сакав да звучам чудно – вели еден од бруцошите кои имале несакан секс.

– Мислев дека оваа девојка веројатно подоцна ќе им ја раскаже целата приказна на своите пријателки. Имаше и несвесен притисок што ни го наметнува околината – дека момчињата треба да уживаат во сексот во секоја ситуација – објасни младиот човек.

Одговорите на мажите покажаа присуство на широк спектар на емоции и предрасуди: страв од посрамотување или навредување на партнерката, страв од тоа партнерката да мисли дека е незрел, притисок секогаш да „сака“ секс и свесност дека сексот секогаш треба да биде пријатно искуство, без разлика на се.

Младите мажи најмногу се загрижени дека околината ќе ги исмее ако одбијат атрактивна жена; дека ќе ги нарекуваат „девици“, „идиоти“ или некој што е „геј“.

– Кога ќе ви пријде девојка, помислувате „Добро, ќе ја прифатам приликата“ бидејќи тоа речиси никогаш не се случува. Од таа причина, голем број луѓе се согласуваат на секс, иако немаат вистинска желба за тоа – истакнал друг испитаник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma