Откриено како требало да изгледа филмот за „исфрлениот“ Џејмс Бонд: Има врска со Русија

13 мај, 20220
daniel-craig-830x0

– Чудно – тоа сега би било многу актуелно – изјави оскаровецот, режисерот Дени Бојл

Режисерот Дени Бојл зборуваше за неговиот „исфлен“ филм за Џејмс Бонд, откривајќи ја приказната што првично ја планирал за 25-тиот дел од франшизата.

Режисерот требаше да го води најновото остварување на Даниел Крег како 007 пред да го напушти проектот поради креативните разлики со продуцентите Барбара Броколи и Мајкл Г. Вилсон.

Во интервју за Esquire UK, оскаровецот откри дека неговата предложена приказна е сместена во Русија и дека го истражувал потеклото на Бонд.

– Чудно – тоа би било многу актуелно сега – сè се одвиваше во Русија, каде Бонд, се разбира, доаѓа од Студената војна. Дејството е поставено во денешна Русија и се враќа на своето потекло. Беше навистина штета – изјави Бојл, пренесува „NME“.

По излегувањето на Бојл од филмот, имаше информации дека режисерот се скарал со продуцентите поради одлуката да го убие Џејмс Бонд, што на крајот беше прикажано во филмот „Нема време за умирање“ во режија на Кери Фукунага.

Но, смртта на Бонд не беше единственото нешто што филмот на Бојл го имаше заедничко со оној што на крајот излезе пред публика.

Патем, дизајнерот на продукцијата на Бонд, Марк Тилдесли, изјави за Тотал филм во 2020 година дека Бојл и Хоџ (сценаристот Џон Хоџ) смислиле „извонредно“ сценарио за нивниот филм, но дека тоа „не се совпаднало баш“ со она што продуцентите го планирале. .

– Дефинитивно беше добра работа. Можеби друг пат на крајот на краиштата – изјави Тилдесли.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber